Премиерот Христијан Мицкоски очекува Бугарија да формира нова влада по последните парламентарни избори. Сепак, не одговори на новинарско прашање дали му честитал на лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов со оглед дека неговата партија освои најмногу гласови и би требало да ја формира новата влада.

Ние сме од исто семејство – ЕНП. Таму гледам дека девет партии и коалиции ќе влезат во Парламентот. Интересен мозаик ќе има во бугарскиот Парламент. Очекувам влада од три партнери. Без тие две не може да се направи влада (ГЕРБ-СДС и Продолжуваат промените-Демократска Бугарија). Ќе видиме како ќе се развиваат работите. Се надеваме дека ќе има Влада и дека нема да има осми избори по ред и дека ќе можеме да седнеме и да најдеме решение да го одблокираме патот на Македонија во ЕУ – кажа премиерот по извршување надзор во работата на автопатската делница Гостивар – Букојчани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.