Задоволство е секогаш да се присуствува на вакви настани кога се завршуваат проектите кои се ветувани. Ова е посебно значаен проект во општина Петровец и за најмладите, односно учениците во ова основно училиште бидејќи на тој начин се подобрува безбедноста практично, се гарантира безбедноста на самите ученици , а и на самите жители во ова населено место овозможува еден вид рекреирање, тоа што не можеа претходно да го прават и на тој начин да бидат безбедни додека тоа го прават – истакна за време на посетата на Петровец, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Така што самиот градоначалник кажа дека општина Петровец продолжува со реализација на проектите овде кои што се ветени во кампањата на локалните избори во 2021 година, на еден таков проект присуствувате есента кога почнуваше да се гради, тоа е новата општинска зграда, а оваа пролет и самиот градоначалник Борче кажа дека ќе биде истиот тој објект пуштен во употреба, како и многу други проекти овде во општина Петровец. Ја користам оваа прилика да му честитам на Борче, да честитам на тимот, на советниците, на администрацијата што со години успешно ја реализираат програмата и што со години успешно ги реализираат ветените проекти. Нескриено е задоволството на жителите на општина Петровец, а впрочем тоа го кажуваат и на секои локални избори изминатите неколку изборни циклуси. Така што уште еднаш честитки за градоначалникот Борче и честитки за тимот и советниците овде во општина Петровец – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.