Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во во „Тема на денот“ во централниот Дневник на телевизија Сител истакна дека ВМРО-ДПМНЕ бара и нуди креативни решенија кои ќе обезбедат и членство во Европската Унија, а со тоа и заштитени македонски национални интереси, меѓу кои е предлогот уставните измени да бидат со одложено дејство и да стапат на сила кога уставот ќе треба да се отвора за членство во Европската унија.
Мицкоски посочи дека власта нема две третини за промена на уставот и дека ВМРО-ДПМНЕ иако се нудеше да биде дел и нудеше решенија власта ги одби и сама учествување во процесот на преговори кој резултираше со усвојување француски предлог и преговарачка рамка која предвидува промена на уставот со цел продолжување на процесот на преговори односно одржување на втората меѓувладина конференција.
Мицкоски исто така додаде дека ако навистина сака Европската Унија да не види таму, мислам дека ова може да се направи за Македонија да може да ги почне преговорите, а измените на уставот да важат кога ќе се отвара уставот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол од земјите членки на унијата.
Ако ја гледаме преговарачката рамка ќе видиме дека таму никаде експлицитно не стои дека ние мораме да го промени уставот. Заклучоците на Советот, ако Советот има добра и чесна намера кон Македонија тоа може да биде толкувано дека не се во функција, ја завршила Македонија својата обврска, се случил оној процес на гласање, но тие не можат да бидат полноправно важечки се до моментот додека државата не биде членка на Европската Унија. Ако тие сакаат навистина да ја видат Македонија, ова е обична формалност за која што ние се бориме и цениме дека, доколку навистина некој сака Македонија да ја види таму, тогаш тоа ќе го направи – рече Мицкоски.
Инаку, додаде Мицкоски, во спротивен случај, ние ниту имаме намера, ниту пак ќе поддржиме било какви уставни измени кои што ќе значат неизвесност во процесот на преговори.
Таков тип на уставни измени ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи – дециден беше Мицкоски додавајќи дека доколку ова не се случи, односно додека не се променат условите, значи уставни измени под бугарски диктат нема да има.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.