Вистински европски вредности се кога вие на граѓаните им овозможувате достоинствен живот односно ова се што вие го кажавте да не се случи. Но за жал ова кај нас се случува поради неспособната влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот коментар со оглед дека власта планира ново зголемување на цените на на храната, сирењето, пченицата, лебот.

Мицкоски истакна дека владата на СДСМ и ДУИ не е само влада која ќе биде запаметена по националните предавства, криминалии и корупција, туку и поради сите овие порази во реалниот живот кои се реални проблеми на сите граѓани.

Ова не е влада која што ќе остане запаметена само по националните предавства, криминалот и корупцијата и неспособноста, туку токму и поради сите овие порази во реалниот живот кои се реални проблеми на сите граѓани. И тоа е причина поради која таа треба да замине. Има многу причини зошто оваа влада го изгуби кредибилитетот и легитимитетот и зошто треба час побрзо да одиме на избори. Неколку месеци повеќе не ја решаваат работата, напротив ја уназадуваат – објасни Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.