Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ при посетата во Велес изврши увид на мостот кај Башино село каде рече дека прво треба да се види до каде е проектот за стариот мост, а треба да има и проект за нов мост таму.

Треба да се види до каде е проектот и дали воопшто постои, ако не веднаш треба да се почне, еден од првите приоритети, прво проектирање треба, потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски имаше средба со бизнисмен кој рече дека имале иницијатива за каменолом, но биле одбиени затоа што мостот бил многу слаб.

Ние имаме иницијатива за каменолом и претходните градоначалници ме одбија затоа што бил многу слаб мостот и ќе се зголемела фреквенцијата врз мостот и затоа бев одбиен за иницијативата за каменолом. И ете на пример, не можеме да направиме како фирми развој во бизнисот, заради овој мост, затоа што сме ограничени во своето работење, кажа бизнисменот.

При посетата во Башино село, градоначалникот на Велес, Марко Колев посочи дека овде може да се појави и друг проблем, а тоа е дека на пролет нивото на реката Вардар може да покачи и да дојде над самиот коловоз, со што ситуацијата би била ризична. Имено Колев додаде дека проектот исто зависи и од Јавното претпријатие за државни патишта.

Тука, на пролет и нивото на Вардар може да се покачи и да дојде на половина метар од самиот коловоз и тогаш е најризично. Голема вода и голем притисок врз носачите, а дел од носачите веќе се испукани. Проектот зависи од Јавното претпријатие за државни патишта. И кога ќе се направи новиот мост, проект треба да се направи и за рушење на овој мост, затоа што може да се случи да се сруши овој па да направи оштетување на новиот мост. Така да, имаме два проблеми не е само еден проблем, додаде Колев.

Во врска со ова претседателот Мицкоски порача:

Треба да се види до каде е проектот и дали воопшто постои ако не веднаш треба да се почне, еден од првите приоритети, прво проектирање треба.

Во текот на посетата Колев се осврна и на полу направениот мост во близина на езерото „Младост“ позната како „Бранков мост“ каде потенцираше дека потребно е добра волја да се направи тој мост за да може да се развива туризмот.

Исто имаме и полу направен мост во близина на езеро Младост, таму имаме влез и излез од автопат, а ние зборуваме цело време за транзитен туризам, а моментално велешко езеро го посетуваат голем број на туристи. Само треба добра волја. Едно сообраќајно решение за да можеме ние да зборуваме за развој на туризмот, вели Колев.

По сето ова претседателот Мицкоски заклучи:

Значи од тука би дошол и би завршил со патот што го одевме кај Отовица, кружен тек кој би влегувал во Велес и другиот би одел на езерото Младост.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.