Денеска топ тема на оние кои доаѓаат во Македонија не е корупцијата, криминалот и слично, туку зборуваат само за уставните измени, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашното гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.

„Разбирам да се плашат Бугарите од дискриминација, немање или непочитување на човековите права. Но, има 14 пресуди за Македонците во Бугарија од Судот за човекови права во Стразбур и нула за Бугарите во Македонија. Ако некој треба да се плаши се Македонците, а не Бугарите. Според пописот ги има 762 на кои мајчин им е бугарскиот“, кажа Мицкоски.

Тој праша – „Зошто мораше суштината на амандманите да е во парламент сега во прва фаза. Ова е само потреба од отворање на Уставот. Затоа што таму де факто се прави дводомен парламент со 43 пратеници.“

Мицкоски укажа дека со ова дополнително ја влошуваат позицијата на државата.

„Дополнително ја отежнуваат работата и знаат дека се на одење и дека новата влада ќе има потешка почетна положба. Убеден сум дека тоа им е маневарот“, заклучи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.