Навистина е задоволство кога ќе може човек да помине квалитетни повеќе од еден час време со соработници и луѓе со кои што изминатите години поминавме многу работи заедно и делевме многу работи заедно, и сега во природа. Секој кој што може да помине време во природа во убаво друштво ова е можноста, нашата планина Водно. И не е само Водно, насекаде во Македонија можете да уживате во природните убавини кои што ги нуди нашата држава, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој додаде дека со симболичен марш од неколку километри, што траел повеќе од еден час, го одбележуваат денот на планетата Земја.

И мислам дека даваме добар пример за сите оние наши сограѓани кои што сакаат да се рекреираат и сме мотивација да ги поканиме и да ги мотивираме да ни се придружат во деновите кои што следат, нормално во текот на работната недела, имајќи во предвид време не може да си одвои секој поради работните обврски. Но преку викенд е здраво да се спортува и да се рекреира во планина.

 

Ние денеска како ВМРО-ДПМНЕ и како општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Карпош, но не само од Карпош, тука има луѓе и од други општински комитети и граѓани кои што не се партиски, а ни се приклучија, навистина направивме еден убав пример и се рекреиравме во природа. Така што ова посакувам да стане пракса и еве нека биде задача на општинскиот комитет на Карпош да не мотивира и да не организира почесто да може следниот пат до врв да се качиме, да не биде само до тука, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.