Ако е така, јас да сум на нивно место веднаш би излегол на избори и распаднатото ВМРО би го декласирал. Ајде на избори одма да излеземе и јас сум подготвен утре да разговарам со Ковачевски, да го распуштиме Парламентот и во првиот рок кога тоа е возможно да оддржиме избори, вака вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 одговори на прашање за коментар околу тврдењата на СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ се распаѓа.

„Ајде на избори. Јас да сум на негово место и да знам дека ВМРО се распаѓа одма идам на избори. Нема потреба да чека. Зошто да чека да се консолидираме? Одма да идеме на избори“, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.