Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Брисел за вестите на Алфа истакна дека додека власта зборува за европски вредности прави криминал, кој доаѓа токму од врвот на партиите на власта и затоа се неопходни избори за да може да дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ со силна реформска агенда.

Апсолутно неприфатливо е земја кандидат за членство во ЕУ да има такво ниво на криминал и корупција како што тоа се случува во Македонија. Неприфатливо е да бидеме лидери кога станува збор за перцепција на криминал и корупција, а сме истовремено земја кандидат за членство, а истовремено промовираме условно кажано европски вредности од страна на оваа влада на ДУИ поддржана од СДС, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека пораката од Брисел е дека не може да водиме политика базирана на двојни стандарди, односно од една страна да им е полна устата за европска иднина, а од друга страна да има криминал.

Неколку фамилии, неколку семејства кои се врхушката од една две политички партии кои се дел од владата да бидат главни промотори на криминалот и корупцијата и да се богатат на грбот на граѓаните. Тие две работи не можат да бидат една со друга споиви, рече Мицкоски.

Мицкоски посочи дека затоа се потребни предвремени парламентарни избори за што побргу да се удри криминалот во корен, да се намали перцепцијата за корупција и да се направат функционални институции.

И она што е најважно да ја вратиме надежта кај луѓето. Тоа се прави со силна реформска агенда која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја донесе како идна влада во Македонија, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.