По денешната лидерска средба стана јасно кој за што е. Од една страна го имаме лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој понуди конкретен план за ЕУ интегрција на земјата, и она што е најважно заштита на македонскиот идентиет.

Тој со еден потег ја разголи власта на која единствено и е важно да ги задоволи апетите на Бугарија не водејќи сметка за националните интереси.

ВМРО-ДПМНЕ опстоји на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин и под овие околности нема да поддржи.

Мицкоски денеска имаше конкретни предлози. Учество во една широка влада, но без министри од ДУИ а уставните измени кои би се изгласале да важат од денот кога ќе започне ратификацијата во парламентите на земјите-членки на ЕУ.

Навистина разумен предлог.

Нејасно е зошто за Ковачевски ова е кршење на Преговарачката рамка. Тоа не е кршење туку ќе треба да се издејствува нејзината корекција. Да, во сегашната рамка стои дека ќе треба да се прават уставни измени па дури потоа да се отворат преговорите.

Тоа не невозможно, бидејќи рамката,-односно оквирот не е никаква света книга која не може да се промени. Пример е преговарачката рамка за Србија која се промени, односно се додаде она што го договорија Вучиќ и Курти во Охрид. Значи сепак можело.

Мицкоски излезе и со конкретен план како да се добијат гаранции од ЕУ за заштита на нашиот национален идентитет. Тој предвидува лидерот на опозицијата преку разговори со неколку премиери на земји-членки на ЕУ да издејствува Унијата да изгласа документ во вид на потврда за заштита на македонскиот многувековен идентитет, традиција, култура, обичаи, македонскиот јазик.

И со тој документ да дојдеме пред македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува позади многувековниот македонски идентитет, култура, традиција, обичаи, македонски посебен јазик и дека овој пат конечно Европа има чиста и јасна цел пред себе Македонија да биде дел од европското семејство-предложи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.