Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на Канал 5 телевизија, кажа дека СДСМ е измеќар на ДУИ во изминатите седум години, и дека се срамел од тоа.
„Бев засрамен од тоа како СДСМ се однесуваше како измеќар на ДУИ во изминатите седум години. И тоа ме болеше. И се прашував што е тоа што го направи од државотворна партија, да се претворат во измеќар на Артан Груби и на Али Ахмети. Но после ова што го кажа Ковачевски, ми е јасно. Сега се закани жестоко дека во следниот мандат што ќе го помине како опозиција, нема да дозволи фудбалчиња. Целокупната критики на работењето на ДУИ се сведува на играњето фудбалче кај Груби во кабинет. Кога не би било трагично, би било смешно. Кога човекот беше премиер кога се случуваше скандалот со Соравија, кога луѓе од ДУИ купуваа имоти по Македонија, кога се случуваа безброј скандали, и сега велат од следниот мандат ќе им направеле нешто. Нема да направат ништо. СДСМ нема ништо да им направат на ДУИ, само може да продолжат да им бидат измеќари. Од мачиња лавови не бидува. Затоа и народот нема да им дозволи. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека треба да одговараат луѓето од ДУИ кои ја засрамуваат Македонија“, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.