Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при своето гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија истакна дека промена на Уставот под бугарски диктат нема да има./

Мицкоски додаде дека според последните случувања може да се заклучи дека власта нема 80 пратеника за изгласување на истите тие измени.

Е кога сме до тоа од она што тие го прифатија, можам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ такво нешто нема да прифати, нити јас, нити пак пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Односно предлог кој што се темели на бугарскиот диктат. И почна онаа голгота имаме 2/3, немаме 2/3, вакви пратеници, такви пратеници“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија е заглавена кон полноправно членство за ЕУ, а за тоа е виновна власта.

Во Парламентот нема 80 пратеници кои што ќе го прифатат бугарскиот диктат. Што значи тоа? Тоа значи дека сега Македонија е заглавена во патот кон полноправно членство кон ЕУ. Нешто што одамна овој народ и држава го заслужија“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека граѓаните многу дадоа за тоа членство, почнувајќи од знамето до насилното менување на Уставот и промена на уставното име, коешто денеска никој не го користи освен власта и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија вели ние сме прокативни, ние диктати не прифаќаме, но свесни апсолутно за процесите, свесни за иднината на Македонија и народот, и граѓаните во оваа држава сме конструктивни и сме проактивни и нудиме континуирано решение кое што не го задираат идентитетот и кои што не се понижувачки“, појасни Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.