Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека јасно го кажал ставот на лидерската средба со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски минатата среда – „Уставот да се отвори одложено т.е. откако Македонија ќе биде членка на Европската Унија“.

Кога ќе стане членка на тоа големо семејство, тогаш Бугарите ќе бидат добредојдени во Преамбулата на Уставот… Ако тоа трае три години, што е проблем за Бугарите да почекаат три години да станат дел од нашиот Устав, порача Мицкоски во интервју за ТВ Алфа.

;ицкоски истакна дека во изминатата недела по лидерската средба „гледаме спинување и извртување на вистината па дури и лажење“ од страна на СДСМ и ДУИ и од помали политички партии дека ВМРО-ДПМНЕ се согласила за уставни измени.

Притоа, тој нагласи дека во Парламентот нема 80 пратеници за прифаќање измените.

Целта е преку ова лажење и наводна промена на ставот, мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе добие негативна перцепција кај дел од гласачите и ќе го намали потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ и разликата да ја пренесат кај помали политички партии „лешинари“, кои глумат лажни опозиционери, рече Мицкоски.

Тој додаде дека државата е заглавена на патот кон полноправно членство во ЕУ и затоа ВМРО-ДПМНЕ, како што рече, свесна за процесите и иднината на Македонија и народот е конструктивна и проактивна и понудила решение кое не е понижувачко.

Велиме да – во име на процесот, но со одложено дејство. И тоа му го кажав на Ковачевски, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.