Работа за која сакам да зборувам е дуализмот кој што е присутен во Клиничкиот центар во Скопје. Таму има врзани потписи и економски директори и тоа е една конфузија која што буквално на никој не му е јасно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клиничкиот центар, односно еден Клинички центар, да нема ваков тип на дуализам. И тоа е коалициски договор, услов. Кој сака да пристапи на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ мора ова да го прифати, вели Мицкоски и вети дека ќе Клиничкиот центар во Скопје и Штип ќе ги изгради идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, кажа претседателот Христијан Мицкоски на денешната дебата Здравствена платформа за иднина на тема Концепт за здравство.
Кога ја создаваме програмата која е при крај која за брзо од денеска ќе има и промоција. Тоа е прашањето за нов Клинички центар. Се сеќавате во минатото тогашниот министер за здравство Венко Филипче ја обвинуваше опозицијата за опструкции и кочење, но како поминуваше време цената на чинење за нов Клинички центар од оној почетен проект кој што имаше договор, изведувач и обезбедени средства во рамките на Клиничкиот центар Мајка Тереза, па се до овој последниот разликата беше од 110, 115 милиони евра па се до половина милијарда трошоци кои што дополнително ќе растеа, бидејќи не беше инфраструктурата предвидена во тој проект. Па сега вака кога ќе правите програма, ако сте како некои естрадни политичари кои за жал овде кај нас во Македонија ги има, кажуваат тоа што луѓето сакаат да слушнат. Има еден таков политичар кој се што сака да слушнете, тој ќе каже. Понекогаш ќе навреди, ќе користи некој речник кој не е доличен за академски сограѓани, но тоа е реалноста на политичката сцена, изјави Мицкоски и додаде:
Да сакам да знаете дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сработи нов Клинички центар, но не можеме колку тоа ќе чини бидејќи зависи од фискалниот услов и да ВМРО-ДПМНЕ ќе ја заврши Клиничката болница овде во Штип. Тоа сигурно јас ви го кажувам. Ние се трудиме да водиме државна политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.