Извесен Изо Ганиу, член на Алијанса за Албанците тврди дека внатре во партијата е започната процедура за смена на лидерот Арбен Таравари. Тој покажа и лист од потписите на делегатите кои досега ја поддржале иницијативата за смена на Таравари.

Се очекува од 130  98 делегату да бидат против Таравари-вели Ганиу.

Ова е очекувана постапка ако се знае однесувањето на Таравари во последниот период.Рејтингот на партијата постојано паѓа а и самиот лидер не знае каде припаѓа.Беше опозиција, сега е власт а во следниот период не знае ни тој самиот што ќе биде.Ја одби понудата да биде претседателски кандидат на албанската опозизија а формално сѐ уште е во власта.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.