Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.
Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.
Четиригодишен договор којшто за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега.
Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум, изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.