Задоволство е секогаш да се биде дел од нешто што после 60 години еве за првпат сега се создава, тоа е овој прекрасен објект кој што наскоро од денеска ќе биде реалност овдека во населеното место Булачани во општина Гази Баба. Честитам до Боби, честитам до администрацијата, до советниците во Општина Гази Баба која што еве после толку време одвоија средства од Буџетот на Општина Гази Баба и ќе го реализираат овој проект кој што го ветија за време на кампањата на локалните избори, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И тоа е добро кога нешто што се ветува и се реализира, затоа што од тоа мора да се направи разлика помеѓу оваа Влада на ДУИ подржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ и градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои што и покрај сиот политички терор кој што го трпат од оваа Влада на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ успеваат со една вредна, храбра, чесна, посветена работа да обезбедат средства и да го реализираат ветеното. Овдека во Гази Баба навистина се случува еден препород, градежна офанзива како што кажа Боби, како што кажа градоначалникот. Јас сум сигурен дека тоа и така ќе продолжи во иднина. Воедно би сакал да напоменам и повторам дека ова го прави Општината од сопствени средства, но колку што сум информиран од градоначалникот пред овој настан е тоа што целокупната процедура која што е потребна за издавање на општинска обврзница овдека во Општина Гази Баба оваа недела ќе заврши и Општината ќе биде подготвена да ја издаде општинската обврзница и официјално нормално доколку го помине последниот филтер, а тоа е формалност, владината седница. Ќе потсетам дека Општината Гази Баба доби позитивно мислење од министерството за финансии, од Македонската берза, од Комисијата за хартии од вредност. Така да што буквално сите законски процедури се испочитувани, и очекувам дека следната недела и формално ќе помине овдека во Општината, а потоа и на владина седница за да може потоа стопанството, финансиските институции, осигурителните куќи па и граѓаните да учествуваат во процесот на купување на хартии од вредност кои што ќе ги издаде Општина Гази Баба преку оваа обврзница. А, тие средства потоа ќе бидат потрошени за вакви проекти, за проекти кои што значат елементарни услови за живот и ќе можат учениците кои што учат овдека во училиштата и во градинките да имаат навистина пристојни услови со кои што ќе стекнуваат своето образование и ќе се развиваат како навистина добри индивидуи во иднина, истакна Мицкоски.

Така што јас ја охрабрувам Владата на ДУИ подржана од малцинскиот партнер СДСМ да овој пат се охрабрат навистина, да не гледаат затоа што изгубија 2:1 овдека во Гази Баба и најверојатно на следните избори ќе изгубат 3:1, тоа не е важно, секако тие ќе изгубат што и да направат, да оставиме нешто за граѓаните, да оставиме нешто за луѓето, затоа што ние како политичари сме слуги на народот, ние не треба да се поставуваме над народот. Да јас знам дека има политичари кои што влегуваат во политиката и кажуваат дека тие не се таму за да го слушаат народот туку да влечат според нив храбри, а јас би рекол според нас глупави или предавнички политички потези, потенцираше Мицкоски.

-Затоа овој пат имаат една можност да повлечат потег кој што ќе значи додадена вредност за граѓаните. Нека не го опструираат Бобан, нека не ја опструираат Општината, нека не ги опструираат граѓаните во Гази Баба. Изгубија на локалните избори повеќе од 2:1, еве јас им кажувам дека на следните парламентарни најмалку 3:1 ќе изгубат. Само тоа нека не биде критериум за тоа да помине оваа обврзница на владина седница, на оваа Влада на ДУИ предводена од ДУИ нормално, а подржана од малцинскиот партнер СДСМ. Еве ги замолувам и пред целата македонска јавност да излезат, да бидат коректни и да помогнат граѓаните овдека да добијат проекти, бидејќи тие не знаат да реализираат проекти, да остават на тие кои што ќе реализираат проекти. Да се кренеме над нашите партиски би рекол интереси и да го гледаме интересот на граѓаните, рече Мицкоски.

Уште еднашка да честитам, да посакам многу вакви проекти, да ги охрабрам и мислам дека веќе кон крајот на оваа и почетокот на следната година најголемиот дел од проектите би рекол повеќе од можеби 90-тина проценти овдека во Гази Баба од тоа што беше ветено ќе биде реализирано. А, јас давам еве ветување и обврска дека следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе помогне многу онаму каде што оваа Влада на ДУИ подржана од СДСМ за жал ги казнува граѓаните и не успева да помогне односно не сака да помогне, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.