Нема во Македонија албански општини, има само македонски општини, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Коментирајќи ги последните настани кои добија етничка конотација, поставувањето на крстот на Попова Шапка, но и најавите од албанските политичари за промена на химната и воведување албанска химна по општините со доминантно албанско население, Мицкоски рече дека сите општини се македонски, бидејќи граѓаните на Македонија им даваат плата, а Македонија ја дефинираат три основните симболи: знамето, химната и грбот.

Не гледам ништо спорно ако се интонира македонската химна – вели Мицкоски, за кого е неприфатливо албанска химна да се пее во која било општина на територија на нашата држава.

Се додека живееме под еден чадор, на територијата на Република Македонија тогаш мора да ги почитуваме основните столбови на Македонија, а тоа се: знамето, химната и грбот. Дали тоа го сакаат или не, тоа е нивен проблем, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски им се обрати на албанските политичари од опозицијата.

Мојот совет до политичарите Албанци, посебно од оние во опозицијата, да не подлегнуваат на етно-национализмот и шовинизам. Нема подоминантен од Али Ахмети во тој блок. Треба да влезат во порака каде има миграција и корупција, зошто фирмите блиски до ДУИ имаат милионски имоти, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека и Албанците се селат, а заедно ги делиме проблемите со корупцијата и криминалот.

Се додека добиваат плата од буџетот кој го полнат граѓаните на Македонија, Албанците мора да ги почитуваат основните обележја. Не само што не сум подготвен да разговараме за нова химна, туку тоа не треба да биде ниту тема за разговор, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.