ВМРО-ДПМНЕ моќта ја црпи од народот и на него се потпира, не ја црпи моќта од персиските килими во Брисел, и затоа нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „За или против“ на Алфа, потенцирајќи дека СДС тоа што ветувале пред други сега не може да испорачаат.

Мицкоски посочи дека деветнаесет дена помина кога од власта рекоа дека се готови уставните измени и да ги достават до парламентот, но ако ова беше битно и ако имаа 80 пратеници, се поставува прашање зошто чекаат, што е тоа што го чекаат?

Чекаат која од двете опции им ги дадов да изберат? Чекаат да седнеме да преговараме? Нема да седнеме додека не изберат, седнавме имаат две понуди на маса и нека изберат врз основа на што да преговараме. Двете опции ги обединува националното единство. Немаат две третини и затоа се нервозни се закануваат, навредуваат, лажат затоа ги активираа сите полноглавци затоа што немаат, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сега на СДС им паѓа целата политика и тие пред кои ветиле, сега им викаат дека не може да испорачаат, а година дена ги штитат, им ја држат владата година дена, а не знаат да испорачаат.

Пред една година на собирот пред платото на владата на 18 јуни кажав јасно кажав дека под овие услови, под овој диктат, додека сум јас претседател, нема да прифатиме. Не знам колку сериозно го ставија тоа и тие и тие кои со нив се договара. ТИ тие со кого се договараат имаат одговорност требало да проценат со кого се договараат, но не успеале тоа да го препознаат и не заглавиле сите. Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме дел од проблемот но сега бараме решение: немој да мислите дека тоа не го цени народот. Тоа народот го цени, ние не ја црпиме моќта, авторитетот од црвените дебели персиски килими во Брисел, ние од народот ја црпиме моќта и на народот се потпираме. Тогаш кажав дека нема и сега стојам на тоа дека нема, нагласи Мицкоски.

Тој потенцираше дека пратеничката група сите 44 пратеници се браната која нема да дозволи да помине бугарскиот диктат бидејќи со вакви услови Македонија има нејасна иднина, затоа се потребни гаранции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.