Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека се слушнал со претседателскиот кандидат, Арбен Таравари, при што му честитал за денешните избори и му посакал успех на парламентарните и иднина во власта.

Сепак тој истакна дека денеска не разговарале за формирање на нова идна евентуална заедничка влада.

-Не разговаравме за тие детали. Во деновите кои што следат и за тоа ќе разговараме. Сакав да му изразам поддршка на Таравари и на оние кои се обединија против лошите политики на СДСМ и ДУИ, а се дел од албанската опозиција. Ние како ВМРО-ДПМНЕ кои се спротивни на овие политики сме тука и сме подготвени да разговараме за иднината на Македонија, рече Мицкоски на прес-конференција од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

По 90,49% обработени гласови од вкупниот број гласачи, кандидатот на ВРЕДИ има 78.537 гласови, односно 9,62%.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.