Имав чест да остварам средбa со пензионерите од Здружението на пензионери- Велес. Луѓе кој целиот живот го посветиле за градба на татковината, и во годините кога треба да ги уживаат придобивките, тие се на улица барајќи ги своите права, објави на својот фејсбук профил Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема друг пример во Европа каде пензионерите со протести се борат за повеќе права. Половина од вкупниот број на пензионери во Македонија се на раб на егзистенцијата и во безнадежност. Се пожалија на односот на министерката за труд и социјална политика и целокупниот однос на Владата. На ниските пензии се случува и ново поскапување на данокот на над 1000 производи што исто така претставува дополнителен грабеж. Затоа велам дека се потребни промени. По смена на власта ВАЖНО Е да го вратиме достоинството на пензионерите, ВАЖНО Е да ги покачиме пензиите. ВАЖНО Е да се бориме за раст на стандардот и заштита на нивните права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.