Денеска е тежок ден за Македонија и не можам да ја изразам болката за убиството за Вања, рече денеска пред Собранието претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пред почетокот на закажаната лидерска средба на кои треба да се разговара за престојните претседателски и парламентарни избори.
За лидерската немаме други позциции и очекувам уште една гимнастика на страна на власта. Ние ова го баравме и повторно дојдовме до ова. Јас не се шегувам со нашите позиции и уставни измени додека не видиме јасни позиции за хегемонистичките позиции. Предмет на оваа средба се датуми на изборите. Одлука на СДСМ и ДУИ е да одат заедно на избори и им посакувам долги години во опозиција, рече Мицкоски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.