Преку комуникациски канали врз премиерот Христијан Мицкоски изминатиот период имало обид за понуда на поткуп со цел да се добие неговата согласност за тендерската документација за коридорот 8.

Ова денеска го сподели со јавноста токму тој, на денешната прес-конференција во Владата. Рече дека случајот е пријавен кај надлежните.

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека за коридорот 8, секцијата три за пругата добил понуда за поткуп и дека веќе го има пријавено. Тој кажа дека требало да потпише за оваа тендерска документација за која рокот завршува на 17 септември, но дека истиот не го прифатил.

Додека сум јас премиер, не можам никогаш да ставам потпис на проект, да потрошам пола милијарда пари на моите граѓани за проект кој завршува на половина тунел, на слепа улица. Бидејќи бев жртва на обид за поткуп поврзан со тој проект, јас кажав дека ваков каков што нема никогаш да го поддржам, затоа што тука не станува збор за македонските даночни обврзници, туку и на европските“, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.