Визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите“, потенцираше во својот говор на митингот во Кавадарци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ претставува светилник на надежта,и дека има сериозна, најдобра изборна програма досега, наречена „Платформа 1198“.

Во програмата има конкретни проекти што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198“ е отисок на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија секогаш ќе бидат на прво место.

 

Иднината не е апстрактен концепт, таа е опиплива реалност која може да се обликува со твоите раце. Со оваа Платформа, промените во кои можеш да веруваш, се во твоите раце. Кај тебе е палката, која ти дава сила да ја направиш Македонија да биде повторно твоја“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.