Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но дека нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси.

Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам да, има притисок и има непријатни состаноци. Но ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи темелени на инает туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме, потенцира Мицкоски.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ го кажал својот став уште во 2022 година и дека оттогаш ништо не е променето.

Нашата позиција беше јасна уште на онаа прес конференција на 28 април 2022 година. Тука не поставиме простор никој да има дилема, втората точка од таа прес конференција беше формирање на тимови кои ќе преговараат со Бугарија и вклучување на тимови од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе работат про-боно да и помогна на владата. Затоа што замислете го Ковачевски поставен во јануари 2022, неизбран од народот, веќе во април стигнува информации дека нешто се пдоготвува, зилеговме во јавност у понудивме решение и прашуваме дали овој човек имал воопшто информации за процесот. Секако тој не е вториот Кисинџер да може за 3 месеци да направи нешто со кое сите ќе бидеме задоволни затоа понудивме луѓе кои ќе помагаат, за жал бевме одбиени, изјави Мицкоски.

Тој додаде и дека потоа имаше средба заедно со потпретседателот Николоски заедно со пратеникот Милошоски со Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски на кој власта повторно изнесе плитки аргументи и не сакаше да ги прифати аргументите на ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи ги следам пораките кои доаѓаат од СДСМ да сме се вклучеле да работиме на уставните измени и да сме аргументирале тоа за кое ние сме биле против, може тие имале спротивни аргументи. Седевме на тој состанок ги кажавме аргументите, а од другата страна не добивме контрааргументи, туку констатиравме дека нивните аргументи се плитки. Тие одлучија да влезат во авантура и да се создаде проблем, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.