Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска го повика Бујар Османи од ДУИ да се охрабри за организирање на предвремени парламентарни избори ако толку е убеден дека ја ужива поддршката награѓаните за уставни измени.

Ова следува откако шефот на дипломатијата во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 рече дека врз основа на содржината на уставните амандмани, шти ги подготви работната група која работеше во рамки на Министерството за правда, власта спроведува анкета или мерење на јавното мислење.

Нека се охрабри да одиме на предвремени парламентарни избори, да го слушнеме народот што има да каже за политиките на оваа влада и тоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе го понуди, па потоа можеме да размислуваме за многу други работи. На крај важно е да тој мирно спие, и час поскоро се разбуди од својот сон, но не како министер за надворешни работи, туку на некое друго место после се ова што и го направи на Македонија и на македонскиот народ, јас му посакувам мирен сон, нагласи Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.