ДУИ никој не го прашува дали ќе излезе или нема да излезе. СДСМ има 43 пратеника, Коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ има 44. Тоа се 87, тоа е повеќе од 61. Кој го прашува Али Ахмети дали сакал или не сакал да излезе од Влада, ако имаме луѓе во СДСМ којшто гледаат државнички. Но, Ковачевски нема капацитет за единство национално, тука мислам на нацијата македонска, сите и Албанци, Македонци, Турци, минус ДУИ се разбира, истакнува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој додава дека Ако излезеше, се ќе беше поинаку, но тој одлучи да остане заробеник на Али Ахмети и ДУИ.

Јас навистина би се загрижил да сум на негово место и да слушам како жестоко се бори Али Ахмети преку Артан и Бујар. Би бил навистина збунет кога тие луѓе така жестоко да ме бранат, тогаш нешто не сум направил како што треба, порачува Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.