Ние јавно подадовме рака за предвремени парламентарни избори, дури и рековме ако е услов 100 дена техничка влада, јавно се откажуваме и ја фрламе ракавицата дека не треба да има 100 дена техничка влада и дури не треба воопшто да ја има и веднаш да го смениме законот“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата во Битола.

Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно да оди на предвремени парламентарни избори и без техничка влада дури и до истите да остане Спасовски министер за внатрешни работи до избори да ги прави оние дејства што ги прави изминативе 7 години, па дури и министерката за култура да остане и да понижува на отворена сцена.

Нема потреба од техничка влада, нема потреба од тие 100 дена туку веднаш да одиме на избори. Тоа е мислам разумно. Ако зборуваме за есенски избори, тогаш овие луѓе ако ги прашате дали да има парламентарни избори па претседателски избори следната година, односно државата и бизнисот да бидат во грч повеќе од 10 месеци, сигурно ќе ви речат, не. Односно или сега предвремени избори или заедно во еден трошок претседателски и парламентарни избори“ – рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека е свесен дека некој ќе го критикува за ваква изјава, но ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија и сака и бизнисот да биде поуспешен за да отвора што повеќе работни места и да имаат вработените подобри примања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.