За ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива една изборна единица, дециден  е координаторот Никола Мицевски. Тој во најавата на интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавено утре тврди дека во моментов кочничари за промена на изборното законодавство е ДУИ и нивниот помал коалициски партнер СДСМ.

Разобличивме една лага од изминатиот период. Во времето на Зоран Заев бевме обвинувани дека сме против една изборна единица. Ние дадовме подршка за една изборна единица иако не учествуваме во работната група за имени на изборното законодавство. Во моментов најголеми кочничари се големите владејачки партии ДУИ и нивниот помал коалициски партнер СДСМ-објаснува Мицевски.

Денеска пратеници од помалите парламентарни партии ќе одржат прес-конферениција во Собранието на оваа тема. Својот став ќе го кажат Павле Трајанов, Димитар Апасиев, Моника Зајкова, Маја Морачанин, Боби Мојсовски, Бејџан Иљас, Љупчо Балковски, Борислав Крмов и Панчо Минов.

Oд она што може да се слушне од овие пратеници тие сакаат една изборна единица без изборен праг а ДУИ сака праг од пет посто.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.