Пеналите за Договорот со „Бектел и Енка“  според нашите информации веќе се исплатени за тоа што не е донесена 60 часовна работна недела, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во интервјуто за „Република“.

Претседателот Мицкоски веќе спомена дека на 26 април државата веќе исплатила 120 милиони евра на компанијата. Власта вели дека дел од тоа се за подготвителни работи, но информациите кои ги имаме ние доставени од свиркач укажуваат дека дел се и пенали затоа што не е донесен законот за работни односи и работната недела останува 40 часа согласно Устав и закон.

Мицевски посочува дека овој момент никој не знае каде ќе минува трасата на коридорот, ниту пак знае дали имаме одобрение за градба, како ни експопријација на земјиште.

Што има во договорот-никој не знае.Слушаме разни извинувања и дека сакаат да го дадат договорот. На 31 март 2021 година е потишан Меморандум за соработка помеѓу Владата и Бектел. Две години имаа да се презентира етапно што се планира да се работи.Никој не вика дека ова не е национален интерес и национален проект кој што е во интерес на сите граѓани.Тоа не е спорно.Меѓутоа врз основа на што треба да ме убеди мене да дадам поддршка на вака не транспарентен и криминален начин кога не можам да дојдам и да го видам договорот кој има сертификат државна тајна што останува за граѓаните. Спомнуваат сума од милијарда и триста милиони евра. Како дојдоа до таа сума? Никој не знае. Дали ја знаеме трасате-не, што ќе најдеме на теренот. Дали е можно сумата да поскапи. оод информациите кои ги имаме сумата од милијарда и 300 милиони евра а почетна и на крајот ќе чини двојно повеќе-вели Мицевски во интервуто.

Мицевски прашува од каде пратениците што првично ги предложија измените знаеја каков ќе биде договорот за влезат во измени на законите кои ќе бидат усогласени со договорот. Тоа начи дека или претходно имале увид во договорот или пак некој им ги дал да го потпишат.

Координаторот уверува дека нема да се согласат договорот да им биде само презентиран а не даден на увид.

Се работи за договор кој е помеѓу 500 и 700 страници. Некој да ми дојде со таков договор и за саат-два да ми го прераскаже не е во ред. Тој договор треба да го видам, не е спорно на која комисија туку е битна суштината на договорот и забелешките кои стигнуваат до нас да ги најдам, подвлечам и покажам на Груби, Рустеми и на Бочварски. Ако некој планира да ме седне како учениче наспроти нив и да ми го презентира и прераскаже договорот не е прифатливо.Народот со право има сомнеж на овој договор и со право можеме да го нарекуваме коруптивен.

Мицевски и проговори за европското знамеце што власта сака да го стави на овие закони.

Европската делегација се изјасни негативно, дека е неоправдано и оти нема врска со реформската агенда на ЕУ. Она што сакаше Владата да го наметне како европска реформа тоа не е и европската унија се огради од тоа. Тие ги кажаа своите забелешки.

Кооринаторот посочува дека власта безуспешно се обидува да наметне впечаток дека опозицијата е против изградба на автопати.

Ние не сме против градење, ние сме против крадење и зад тоа ќе застанеме здраво и затоа бараме да ги видиме договорите.

Мицевски го искоментира извинувњето на Груби.

Се извинува што не можел да го презентира целиот договор на јавноста и медиумите.Нас како држава и како пратеници не ни треба извинување од Груби туку оставки веднаш., одговорност за инволвираните и потоа ни треба транспарентност на целиот процес и отчетност за сето она што ќе се случува. Да не се лажеме, договорот е потпишан и овој проект ќе се работи.Имаме работа со сериозен приватен конзорциум кој има градено во регионот и нивните проекти се видливи.Тие гледаат да го извлечат најдоброто од гоговорот за нив.Каде е тука Владата да го заштити буџетот и даночните обврзници?

Координаротот на ВМРО-ДПМНЕ објасни зошто не делегирале свој претставник во работната група за уставни измени.

Ние немаме мандат да разговараме за уставни измеми.Граѓаните исто така не ја поддржуваат оваа идеја.Самата работна група е форма на суптилен притисок кој треба да се пправи врз пратениците.Постапката се знае како е, прво се отвара Уставот па потоа може да се разговара. За ова може некој и да одговара затоа што формирање на работна група за нешто имагинарно и исплаќање на средства од буџетот на државата за нешто што не е по постапка исто така е злоупотреба на службена положба и оштетување на буџетот. Така да тие што ја тераат оваа постапка добро да размислат за ова што го прават

Мицевски стравува дека ќе почнат да растат апетитите на сите за уставните измени.

Желбата на власта да прикаже дека е ова за европскиот пат на Македонија ќе се измеша со желбите на некои што сакаат уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи такво нешто и најдобро е да не го губиме времето, да излеземе на избори и да го прашаме народот.Анкетите покажуваат дека 85 посто од граѓаните не се за уставни измени. Тоа е сериозно голема бројка и јас сум изненаден од интересот на граѓаните и познавањето на оваа проблематика.

Коментирајќи ги случувањата во Судскиот совет Мицевски потсетува дека довербата во судството е падната на минорни три посто. Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара собраниска седница за состојбите во Советот.

Поднесовме барање и очекуваме да биде прва точка на дневен ред на десети мај.Знаејќи како работат ДУИ и СДСМ очекувам оваа точка да се изигра или да се стави подолу на дневниот ред и никогаш да не се разгледа.Оваа точка треба да ја бараат владејачките пратеници затоа што треба да ги загрижуваат состојбите оти од судството направија партал. Три посто е статистичка грешка, не е доверба, нагласува Мицевски.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.