Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на трибина на тема „Корупцијата на СДСМ, столбот на неуспехот на Македонија“ говорејќи за нивото на корупција во државата и причините за истата рече дека хибридниот режим на СДСМ е тој кој е најзаслужен за лошото рангирање на Република Македонија согласно извештајот на „Транспаренси интернешнл“ и сега залудно се обидува да го престави 87-мото место како успех, а во 2016 како опозиција кога Македонија се наоѓаше на 66-то место според истиот извештај, критикуваше дека со ваквото рангирање корупцијата е сериозен проблем во државата.
Хибридниот режим на СДСМ ја држи Македонија на 87-то место на „Транспаренси интернешнл“, а да потсетиме дека имаме и историско најлошо рангирање од 111-то место исто во владеењето на СДСМ. Додека СДСМ се обидува тоа 87-мо место да го престави како огромен успех, подготвувајќи се за денешнава трибина најдов едно соопштение на СДСМ од 27.1.2016 каде што Македонија е рангирана на 66-то место согласно извештајот на „Транспаренси интернешнл“ и СДСМ вели дека со вакво рангирање корупцијата е сериозен проблем во Република Македонија. На 26.1.2022 СДСМ, исто соопштение, за 87-мото место на Република Македонија согласно „Транспаренси интернешнл“ вели дека е најдобро рангирање – истакна Митева.
Таа исто така исто така ги наведе и10-те точки коишто „Транспаренси интернешнл“ ги детектира во Република Македонија и кои прават државата да биде на ова место на коешто се наоѓа сега.
Поткуп, пренасочување на јавните средства, функционерите ја користат својата јавна функција за приватна корист, способност на владите да не ја контролираат корупцијата во јавниот сектор, прекумерната бирократија во јавниот сектор, непотистички назначувања во државната служба, дека постојат закони кои обезбедуваат јавниот сектор да не ги открие своите финансии и има потенцијален конфликт на интереси, правна заштита за лицата кои пријавуваат случаи на поткуп и корупција и заробување на државата од тесни интереси. Сето ова е доволен показател зошто Република Македонија има лошо рангирање на извештајот на „Транспаренси интернешнл“ – потенцираше Митева
Митева додава дека покрај овој надворешен извештај на „Транспаренси интернешнл“, постои и внатрешен извештај од граѓанска организација во Република Македонија којшто детектира дека јавните набавки во 2021 година се склучувале во четири очи, па од 2800 јавни набавки секоја четврта е склучена во четири очи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.