Вистинската намера на Бугарија, а воедно и покорувањето на власта на СДСМ и ДУИ кон Бугарија се покажа на дело, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Марија Митева.
Намерата на Бугарија да го уредува македонското законодавство се гледа во реакцијата на официјална Софија, со став дека Законот за здруженија и фондации е всушност против бугарските здруженија. Бугарското МНР минатата недела изрази загриженост поради фактот што дури и власта со 67 гласа ЗА го поддржа и ги изгласа измените на законот за здруженија и фондации, и немаше ниту еден глас против. По ваквите реакции на Софија, власта на СДСМ и ДУИ со покорувачки чин преку прес конференција одржана од Бујар Османи и тоа од Софија, најави дека ќе и препорача на нашата Влада по неодамна усвоените измени на Законот тој да биде испратен до Венецијанската комисија, со цел таа да утврди дали навистина во него има нешто спорно, како што тврди Софија. Додека оваа власт на СДСМ И ДУИ се покорува, бугарската владата уште порешителна во одбраната на своите позиции. И не се откажуваат од „Цар Борис Трети“. Власта по секоја цена очекува да и се допадне на Бугарија притоа нанесувајќи ненадоместлива штета на македонскиот народ и македонската држава. Оваа власт на СДСМ и ДУИ наместо да ги штити нашите интереси, во континуитет ги распродава. Владата очекува и се надева дека Венецијанската комисија ќе го потврди таквиот став. Имено, сега ретерираат и велат Законот ќе биде дел од скрининг процесот што практично значи дека без прифаќање на истиот од страна на Бугарија, Македонија ќе биде повторно под вето од Бугарија. Тоа значи дека власта дозволува и одобрува во Македонија да се формираат здруженија што ќе шират национална омраза и нетрпеливост. Овој клуб провоцира и носи име на човек кој што во македонската историја нема добра улога, кој бил соработник на нацистите во Втората светска војна. Ова е скандалозно, ова ниту една држава не го дозволува во светот, тоа е спротивно на сите меѓународни стандарди.
СДСМ уште еднаш докажа дека никогаш не ги застапувала интересите на Македонија и на македонскиот народ, напротив Социјалдемократскиот сојуз води поданичка и покорувачка надворешна политика која поддржува клубови именувани по фашистички соработници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.