СДСМ е креатор на кризи и не можеме целата вина да ја префрлиме на надворешните фактори како сега случувањата во Украина и Русија и да кажеме дека тие се единствената причина за ова што и се случува на македонската економија денес.

 

Кога ја споменуваат здравствената криза само ќе потсетам на колоните возила кои заминаа да побараат вакцини во соседна Србија, наместо државата да ги обезбедеше како што тоа го правеше цел свет и да трчаат по провизии во една таква страшна здравствена криза – изјави за „Само вистина“ на Канал 5, Марија Митева член на ИК и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека дополнително, економската и енергетската криза почнаа уште во 2020 година и инфлацијата почна побрзо од еврозоната, што значи дека причината се домашните фактори, а не надворешните, додека надворешните само го зголемија ефектот кој одеше во надолна линија.

Сега имаме само зголемување на акцизата на горивата која ја покачија во април 2021 година и точно е дека ВМРО-ДПМНЕ апелира и поднесе барање да се намали акцизата за 50%, а ние денеска имаме изјава од министер за економија кој вели дека се сретнале со трговците, заклучиле поскапување но дека мерките ќе ги видиме дури утре. Што правеа до сега? Граѓаните очекуваат да се реагира што поскоро – изјави Митева.

Таа потенцираше дека за топлинската енергија реагираа дури откако скопјани останаа без греење, за здравствената криза реагираа откако имавме најголем број на смртни случаи во Европа, а со енергетската криза откако цените на берзите поскапеа и откако СДСМ крадеше електрична енергија од европската мрежа. Така и сега за горивата се реагира после 4 месеци откако нивниот претседател кажа дека знаеле за кризата за Украина.

Во врска со ликвидноста на буџетот, Митева истакна дека нема ликвидност затоа што власта сака да има повеќе пари за нив, а помалку за граѓаните.

Сите мерки кои ги понуди ВМРО-ДПМНЕ се темелно образложени со точна математика која на власта и кратат од давачките кои граѓаните ги плаќаат. Затоа не им чинат предлозите. Зошто не го прифатија предлогот за намалување на акцизата на горивата? Така ќе имаат помалку пари за крадење, а повеќе за граѓаните. Зошто власта не го намали проедлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на ДДВ-то на храната? Зошто не го прифатат предлогот за намалување односно останување на 5% до крај на годината на ДДВ на електрична енергија? До кога власта ќе одбива предлози и ќе вика дека некој друг е виновен само тие не – вели Митева.

Таа посочи дека погрешните политики на власта се видоа по колоните на бензиските пумпи и испразнетите маркети, потенцирајќи дека граѓаните реагираат панично, интервенираат и ги земаат работите во свои раце, бидејќи не и веруваат на власта кога вели дека треба да бидат спокојни.

Со самото барање поднесено од владата на Македонија до Србија да ни обезбеди 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка го имаме одговорот на прашањето за стоковите резерви. Согласно законот 90 дена треба да бидат полни стоковите резерви, односно да овозможат стабилност 90 дена во услови на криза, а нашите информации говорат дека се полни за 56 дена. Во однос на трговската маржа е донесена на 22 февруари што значи дека околу десетина дена им траат стабилните економски политики – нагласи Митева.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.