Утре се случува протест за промени, затоа што предолго живееме тежок живот, предолго имаме понижувања и на домашно и на надворешно поле, владее премногу сиромаштија, и премногу криминал, корупција и тендери во 4 очи. Потребни се промени кои конечно во Македонија ќе дадат една вистинска перспектива, промени во економија да не бидеме на дното туку лидери во регионот и потребно е ова да заврши затоа што навистина е премногу, изјави Марија Митева, портпаролка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Митева истакна дека протестот ќе биде гласот на народот, она што сите го зборуваат и велат.
Имаме најлоша економија, најлошо здравство, најлошо образование, немаме раст на БДП, немаме странски инвестиции, има криминал и корупција, има луѓе кои се неспособни, не се грижат за државните и национални интереси. Протестот ќе биде за се што чувствува народот, сиромаштија и тежок живот кои ги создаде СДСМ, потенцираше Митева.
Митева посочи дека Македонија има најнизок БДП во регионот, а власта не ги прифаќа ни предлозите за намалување на акцизи и ДДВ за помош на граѓаните, додека граѓаните ја напуштаат државата.
БДП раст во прв квартал 2,4%, Бугарија и Србија 4%, Словенија и Хрватска 7 односно 8%. ВМРО-ДПМНЕ поднесува закон за намалување на ДДВ и акциза три пати и власта не го поминува, затоа што е предлог на ВМРО-ДПМН. За 15 месеци, затвориле 12.000 фирми., додека Заев добри грант од 1,4 милиони. Имаме пад на вработени во индустријата тоа е двигателот на економијата. Имаме над 200.000 работоспособни луѓе кои ја напуштиле државата, изјави Митева.
Митева посочи дека во 2017 година 376 евра биле просечна плата, а во Македонија 369 евра. Имале само 7 евра поголема просечна плата, а во 2022 година Србија има 630 евра, Македонија има 500 евра и тоа е 130 евра разлика.
Србија на месечно ниво отвора странски инвестиции, ние имаме изјава од германски инвеститори кои пред години ја оценија владата со нула, а денеска 30% од нив сакаат да ја напуштат Македонија поради лошите политики. Државниот завод за статистика објави дека со една плата како сега и плата од лани се купува половина потрошувачка кошница. Имаме енергетска криза, таа почна пред светската криза, ЕЛЕМ и МЕПСО беа загубари и пред тоа. Сами се кочничари на своите политики. Секоја година започнуваат со рекорден буџет, и се случуваат минимум два ребаланси, и на крај ги завршуваат со загуба, нагласи Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.