Интегрален текст од изјава на Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:
Анкетите на јавното мислење се дизајнирани така што имаат за цел да ги претстават мислењата и довербата на граѓаните во различни сфери и области. За жал, последните истражувања од анкетата на Евротинк имаат безброј индикатори од кои може да се заклучи едно – неспособноста и криминалот на СДС и ДУИ од една страна комплетно ја уништија довербата на граѓаните во системот, а од друга страна го зголемија евроскептицизмот.
Имено, едно од прашањата што го разгледува ова истражување е какви се ставовите на граѓаните за демократијата во Македонија? Резултатот е следен – 61% од граѓаните сметаат дека во Македонија нема демократија што е изразено преку најслаби оценки, со единица и двојка. Оваа неспособна власт постојано зборува за наводно почитување на демократијата, слободата на говор, почитување на човековите права, додека во реалноста се случуваат рангирања на Македонија во хибриден режим, до навредување на медиумите и нивната уредничка политика и ограничување на слободата на говор.
Она што дополнително е застрашувачки е што хронолошки гледано во анкетата енормниот пад за демократијата се случува за само две години, од 2020 до 2022 година, за дури 25,5% пониска доверба.
Воедно, власта е таа која постојано сака да споредува состојби во Македонија од пред и потоа, па еве уште еден доказ за тоа. Во 2015 година 32.9% од испитаниците сметале дека во Македонија има демократија наспроти овие само 16% денес.
Поразителни бројки следуваат и понатаму. 72% проценти од граѓаните во Македонија сметаат дека државата се движи во целосно погрешна насока. Понатаму, она што е дополнително фрапантно е што дури за 10% е падната довербата за само една година на оние граѓани кои лани сметале дека Македонија се движи во правилна насока. Ова е еклатантен пример како оваа неспособна и криминална власт на СДС и ДУИ ја убива и последната надеж на граѓаните дека може подобро, дека треба поинаку.
Со овие показатели Македонија не може да оди напред, граѓаните не живеат подобро, напротив од ден на ден се зголемува разочараноста, сиромаштијата расте, животот станува потежок за сите нас додека овие од власта се обидуваат да купат ден или месец повеќе за богатење и за нови бизниси. Почитувани граѓани, едно е сигурно – колку подолго трае оваа влада, толку полошо за Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.