Поранешниот антикорупционер Воислав Зафировски вели дека очекувал на „црната листа“ на САД да се најдат „крокодили, а не рипчиња“ и смета дека со случајот на Рамиз Мерко се направи дефокус од проблемите поврзани со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка.

За него изразите коруптивност има во случајот на премиерот Димитар Ковачевски бидејќи тој дозволи на неговата сопруга да ѝ биде продадено државно земјиште за изградба на фотоволтаични централи.

Зафировски вели дека САД остануваат цврсто посветени на борбата против корупцијата и дека тоа се однесува и на амбасадорката Анџела Агелер. Според него, црната листа ги размрда институиците во Македонија бидејќи допрва  обвинители ќе испитуваат зошто предмети за Мерко се чувале во фиока. Но тој смета и дека тој случај направи дефокус во јавноста и повеќе не се борува за Бехтел и Енка.

Зафировски очекувал да го види името на премиерот на листата.

„Очекував премиерот Ковачевски да биде на листата бидејќи сопругата со свои пари влезе во бизнисот на електрична енергија. Во бракот имотот е заеднички и премиерот учествува во таа приказна. Тој дозволи на неговата сопруга да ѝ биде продадено државно земјиште за изградба на фотоволтаични централи“, вели Зафировски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.