Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

Оваа мисла на македонскиот револуцинер Гоце Делчев напишани пред повеќе од еден век звучат како да се напишани денеска и во контекст на актуелната политичка состојба.

Во ситуација кога бевме изложени на национален, културен историски, јазичен притисок и доведени до состојба да се самоукинеме, најпрво од јужниот а потоа и од истичниот сосед, зборовите на великанот уште повеќе добиваат на значење.

Тоа што го почна Заев во голем стил го продолжува Димитар Ковачевски. Премиерот на хартија без уво да му чуе го потпиша францускиот предлог, откако патриотизмот го држеше дури еден ден.

Со тој француски, кој всушност е бугарски предог од А до Ш, условите кои досега ги имавме од Бугарија сега станаа европски услов и се дел од преговарачката рамка.Преведено тоа значи-нема преговори додека не прифатиме се што бара бугарската комисија за историја, додека не прифатиме дека македонскиот јазик е јазик од 1944 година и оти дотогаш бил дијалект на бугарскиот.

Ковачевски од Америка денеска немаше храброст ни да го нарече Гоце Делчев македонски револуционер туку се служеше со термините „нашиот“ и  “визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело“

Идеалите на Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите се и наш патоказ, како прогресивна Влада, којашто посветено работи на изградбата на Sеверна Македонија во еднакво општество за сите и европски дом за сите граѓани, напиша Ковачевски на фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.