Амбасадорот на Македонија во Чешка, Сашко Тодоровски, е отповикан од функцијата на сред мандат, поради, како што рече на деншниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи – констатирани нерегуларности во извршувањето на својот мандат.

Да информирам дека имаме отповикан амбасадор на средина на мандатот поради констатирани нерегуларности во рамките на извршувањето на својот мандат, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци, рече Османи.

Сопругата на Тодоровски е професорката Мирјана Најчевска.

Тодоровски, кој во Прага функцијата амбасадор ја извршуваше од март 2021 година, во последно време е гласен противник на политиките на власта, а особено јавно негодуваше против премиерот Димитар Ковачевски и самиот министер Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.