ретседателите на Европската комисија и на Советот на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и Шарл Мишел упатија честитки до претседателката Гордана Силјановска Давкова по повод нејзиното официјално стапување на претседателската функција, нагласувајќи ја определбата за соработка во продолжување на европскиот пат на земјата.
Честитки Гордана Силјановска Давкова, првата жена претседател на Cеверна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на патот кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да соработувам со вас, наведе Фон дер Лајен во објава на Икс.
Честитки до новата претседателка преку платформата Икс упати и Мишел.
Со нетрпение очекувам да соработувам со вас на унапредување на патот на Cеверна Македонија кон ЕУ, преку спроведување на реформите и обврските. Иднината на Cеверна Македонија и Западниот Балкан е во ЕУ, наведе Мишел во објавата.
Фон дер Лајен во посебна објава на Икс порача и дека „за да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.