Министерот за одбрана на Владо Мисајловски денеска упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење, истакнува во честитката Мисајловски.

Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, додава Мисајловски, не задолжија за навек.

Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба. Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели, наведува Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.