Прво и основно професорката Гордана Силјановска Давкова ќе победи на овие претседателски избори. Овие четири години во Собрание и претходно во нејзината кариера, таа покажа дека е еден експерт, еден човек што си ја сака Македонија, една прекрасна дама која што навистина сака да биде слуга на народот, да не претставува елити, да не претставува политички бизнис елити, туку да биде една едноставна дама која што сака да му помогне на секој еден граѓанин во Република Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски на линковското вклучување во вестите на Сител.

Тој посочи дека кампањата за овие претседателски избори треба да биде позитивна, повикувајќи го македонскиот народ да се сплоти со ВМРО-ДПМНЕ и кон професорката Силјановска.

– Од утре почнуваме и со собирање потписи и ги повикуваме сите граѓани да ни се приклучат, затоа што во овој момент не е овој само кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, туку кандидат на народот. Разликата е што Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател на сите граѓани, бидејќи Македонија е на сите луѓе, за разлика од сегашниот претседател кој што слугува на одредени политички партии, односно на СДСМ и ДУИ и не прави апсолутно ништо овие пет години, рече Мисајловски.

Додаде дека е време за реформи, дека е време за промени, време е за еден поинаков концепт каде што народот ќе биде приоритет за се и затоа повикуваме на сплотеност од целиот народ.

– Од овој момент, не само победата на претседателските избори, исто така е важна и победата на парламентарните избори каде што би имале една историска победа каде што ќе победи македонскиот народ. Доста е од порази, доста е од црнила, доста е од лоши сценарија и погубни политики, истакна Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.