Министерот за одбрана Владо Мисајловски, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека институциите сериозно треба да ги испитаат индициите за следење на премиерот Христијан Мицкоски, кој во Собранието обелодени дека бил следен од власта со дронови додека бил во опозиција.
Ја имавме првата конститутивна седница на Советот за безбедност, каде што можевме да ги слушнеме моменталните состојби во Македонија и пошироко, имаа излагања и АНБ, и Генералштабот. Можам да кажам дека безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но многу треба да водиме сметка за многу повратници од жаришта, и за протекување многу доверливи информации меѓу службите. Особено онаа информација која протече дека премиерот го следеле додека бил претседател на опозицијата, но и многу лица од опозицијата, и тоа мора да се истражи, рече Мисајловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.