Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата За или Против на ТВ Алфа, укажа дека многумина мислеа дека партијата ќе подлегне, но јасно се покажа единството или дека бугарски диктати не може да има.

Ова е една нова генерација на ВМРО-ДПМНЕ. Нам ни е јасно дека Бугарија нема да сопре тука. Дополнително власта само се крие зад флоскулата ЕУ, го крие сторениот криминал и корупција. Политичкиот моментум на силните држави е клучен или ако сакаат да го решат прашањето ќе го решат. Но, ние мора да се справиме со криминалот и корупцијата. Во овој момент треба да се обединиме и да кажеме стоп на криминалот и корупцијата. Криминалот и корупцијата се сликата за оваа власт на СДС и ДУИ – рече Мисајловски.

Говорејќи за Договорот со Бехтел и Енка за коридорите 8 и 10д, Мисајловски укажа дека има многу проблеми.

Тоа е реномирана компанијата, а македонската страна гледала само како да го краде народот. Со европски знаменца укинуваа закони, суспендираа закони. Измина цела година и нема ништо од автопат. Само годинава се префрлија 270 милиони евра на фирми за коридорите и за следната година отприлика толку планираат. Замислете се префрлаат толку средства, а нема ништо од автопат – кажа Мисајловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.