-На изборите се случи народ. Граѓаните се одлучија за промени во Македонија. На овие избори победи народот. Еуфоријата се уште се чувствува, но ние како раководство, како партија веднаш почнавме со работа“ истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Мора тоа да го направиме, пред нас се очекуваат големи очекувања. Кога имате толкава голема победа, кога народот навистина ви дава многу надеж, тоа се големи очекувања. И ние се што ветивме во предизборието мора да го исполниме до крај“, нагласи тој.

Мисајловски додаде дека граѓаните се одлучија за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи ја увидоа разликата по локалните избори.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.