Во рамки на првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“, министерот Николвоски заедно со своите колеги министрите за земјоделство на Црна Гора, Албанија, Косово и Бугарија споделија искуства и разговараа за зајакнување на соработката и националниот камацитет на земјите од регионот во делот на шумарството.

Основната цел на оваа конференција, беше токму во таа насока, да заеднички ја зајакнеме улогата на шумарскиот сектор, зајакнувајќи го неговиот придонес во националната економија преку подобрен мониторинг и планска обнова на шумите, како и зајакнување на руралниот развој промовирајќи ги природните шумски убавини до секој еден човек.

Шумите се природното богаство на секоја една земја и токму затоа оваа министерска конференција нуди можност за поставување на јасни цели за заедничка акција во зачувувањето и обновата на шумите.

Министерот Николовски во своето обраќање истакна дека сите држави од регионот имаат заедничка обврска да ги чуваат, развиваат и обновуваат шумите, создавајќи зелена и здрава иднина за сите граѓани.

Зелената транзиција е еден од петте приоритети на министерството и Владата на Република Македонија. Пошумувањето претставува една од главните алатки во борбата против климатските промени. Во таа насока како држави би требало да одговориме преку пошумување и подигнување на соодветни шумски култури, подобрувајќи го составот на шумите со автохтони видови на дрвја отпорни на климатските промени. Зајакнување на мерките за заштита на шумите од пожари и подобрување на подготвеноста при нивно гасење. Воспоставување на постојан надзор на сите шуми, особено на најчувствителните и највредни шуми, истакна министерот Николовски.

Во своето обраќање вицепремиерот за економски систем и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Црна Гора, Владимир Јоковиќ го истакна богатото црногорско шумско наследство и напорите за зачувување на шумите.

Црна Гора гордо се истакнува со богатите шумски ресурси и традицијата за зачувување на шумите. Шумите се витален дел на нашиот национален индентитет и тие играат клучна улога во одржувањето на екосистемска рамномерност, регулирањето на климата и водата, намалувањето на штетите од ерозија, но даваат и многу економски и социјални бенефити, истакна министерот Јоковиќ.

Тој во своето излагање информираше за тековните реформи за одржливо управување со државните шуми, истакнувајќи ги приоритетите како што се отпорноста, руралниот развој, конкурентноста на дрвната индустрија, развојот на шумарската професија, обновувањето на опожарените површини и адаптацијата на климатските промени. Јоковиќ, исто така, ја истакна важноста на регионалната соработка за управување со шумите.

Министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Анила Денај во своето обраќање истакна дека негативните ефекти од климатските промени врз шумите се реалност и во Албанија. Со поддршка на Светска банка, Албанија за прв пат воведува Дигитална платформа за климатски-паметно земјоделство, со цел да ги насочи земјоделците кон поодржливи земјоделски практики, а исто така, инвестира во модернизирање на наводнувањето и одводнувањето и интегрирање на обновливите извори на енергија за заштите на животната средина.

Фатон Пеци, Министер за земјоделство, шумарство и рурален развој на Косово,  во своето обраќање ја истакна важноста на регионалната соработка, потенцирајќи дека Владата на Косово активно работи на заштита и обновување на шумите, преку законски измени и проекти поддржани од меѓународни партнери, меѓу кои Европската комисија, САД, ФАО, Јапонија, Шведска и Германија, чија основна цел е подобрено управување со шумите, превенција од поплави и управување со ризик од шумски пожари и други природни катастрофи.

Во своето обраќње заменик-министерот за земјоделство и храна на Бугарија, Мирослав Маринов ја истакна посветеноста на Бугарија на пошумувањето, како начин за справување со деградацијата и ерозијата на почвите, и истовремено зачувување на квалитетот на земјиштето и водниот биланс. Тој истакна дека 30 отсто од напорите на Бугарија за пошумување се фокусираат на анти-ерозивни мерки, и информираше за автоматизирано контејнерско производство на садници во Бугарија со финансиска поддршка од Европската унија.

Своја презентација во рамки на министерската конференција имаше и Кеничи Шоно, офицер за шумарство при ФАО, кој ја потврди посветеноста на ФАО за поддршка на земјите во одржливо управување со природните ресурси за унапредување на животната средина.

На првата министерска конференција за шумарство – „Најдобри практики и иксуства во обновувањето на шумите“ учество со свои излагања земаа и повеќе академски експерти од Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, кој одржаа презентации на низа клучни теми, вклучително најдобри практики во обновувањето на шумите, силвикултура и предизвици во пошумувањето, споделувајќи нови научни искуства за производството на саден материјал од шумски видови, стратегии за пошумување на голи терени, хидросеење како начин за рекултивација на деградирано земјиште и еродирани подрачја, како и производство на биомаса.

Споделените искуства и практики од денешната министерска конференција за шумарство придонесуваат кон уште поголем развој на шумите, позелена и здрава иднина на земјите од Западен Балкан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.