Министерот за здравство Беким Сали рече дека второто полугодие ќе започне со физичко присуство, додека како превентивна мерка здравствените власти ќе продолжат да вршат скрининг на учениците, односно тестирање за Ковид-19.
„Според нашите податоци, во овој момент нема да има потреба од онлајн настава, бидејќи епидемиолошката состојба се менува секој ден. Ние врз основа на тие податоци носиме и нови одлуки и нови политики, Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и ние како министерство ќе преземеме превентивни мерки со скриниг кој што ќе биде по случајност направен кај децата и во зависност од регионот, градот, општината, доколку се појави некој можна нова епидемија кај деца, ќе преземеме мерки “, рече Сали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.