Во врска со натписите во некои портали, а се однесуваат на објава на фејсбук профил на општинската организација Арачаиново на политичката партија СДСМ ве информираме дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат било какви партиски или друг вид на влијание.
Во Армијата војниците кои ќе бидат примени ќе треба да ги исполнуваат сите професионални карактеристики пропишани на огласот. Најдобрите ќе бидат примени!
Ги охрабруваме сите граѓани заинтересирани да аплицираат без разлика на верска, национална, партиска или било каква друга припадност. Истовремено ги повикуваме политичките партии да се воздржат од било какви притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата. Армијата и служи на државата, а не на партиите,се наведува во соопштението на МО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.