Министерот Бујар Османи во вечерашното интервју на „Само интервју“ рече дека министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија ќе го следат говорот на омраза.

Се обидуваме да бидеме попрецизни. Има еден параграф од тоа што го договараме дека двете земји ќе утврдат институција која ќе го следи говорот на омраза. Инсистирав точно да кажеме која институција, за да не доведеме во ситуација утре, да речеме „не беше таа институција“. Земам банален пример, меѓутоа чисто ви кажувам начинот на кој што функционираме, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој вели дека утврдиле двете министерства за надворешни работи на Македонија и Бугарија да бидат тие институции и точно ги напишале министерствата.

Да не оставиме простор за ралзични интерпрентации, точно поучени од искуството на овие различни интерпретации на Договорот. Има билатерален протокол кој што ги решава прашањата од типот на говор на омраза, пристап до архиви, работата на Историската комисија и имате прашања од пакетот на преговарачката рамка, појасни Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.