Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на владина седница ќе предложи да се најде решение за над 100.000 граѓани кои имаат право на глас, но немаат валидни документи за да не им биде негирано правото на глас. Станува збор за 100.000 лица над 18 години коишто се резиденти во државава, но кои немата лични карти или пак имаат пасоши со валиден рок на траење, но со старото име на државата.
Според Тошковски, решение би можело да биде на овие граѓани да им се дозволи да гласаат со паосшите со старото име.
Сличен предлог доаѓа и од Државната изборна комисија и тој е веќе доставен до Собранието. Според претседателот на ДИК, во моментов може да се гласа само само валидни документи, а меѓу нив не спаѓаат пасошите со старото уставно име.
За кршењето на правото на глас на граѓаните, реагираше и народниот правобранител, Насер Зибери. Тој апелираше до институциите да ги пронајдат кои се оние 100.000 лица кои ќе се соочат со овој проблем на денот на гласањето и да им дадат приоритет при земањето на нови документи до пред изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.