Министерот за здравство Беким Сали на својот фејсбук профил објави дека ги посетил заболените дечиња со Ковид-19, кои придружувани од родител се хоспитализирани во ковид – центарот на Детската болница Козле.

Дечињата се во стабилна здравствена состојба и им посакав побрзо закрепнување и враќање во своите домови, како и безгрижна детска игра. Исто така, во рамки на посета на оваа установа, направив увид и во Центарот за цистична фиброза, каде пациентите се лекуваат според најсовремени стандарди и опрема за третман на болните од цистична фиброза. Огромна благодарност за медицинскиот персонал во оваа установа за грижата за пациентите во услови на пандемија кога секојдневно се соочуваат со предизвици – напиша Сали.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.